Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вчера во атарот на лозјата во Лепово, општина Кавадарци заедно со претставниците на дипломатската заедница во Северна Македонија, учествуваше на традиционалниот настан „Дипломатски гроздобер“.
Пресекувајќи ги првите гроздови, министерот Николовски го означи почетокот на годинешната берба на грозје, одгледано од вредните раце на нашите лозари, под топлото македонско сонце.
За нас како министерство посебна важност имаат секторите винарство и лозарство. Само во овие седум години, од 2016 година до 2022 година исплатени се вкупно скоро 90 милиони евра поддршка за лозарите и винариите.
Дадената поддршка ги носи своите резултати, па така нашата земја е 13 држава во светот на скалата по девизен прилив остварен од извоз на вино.
Нека оваа берба биде бериќетна, со добар род и цена која ја вреднува маката на земјоделецот. Како министерство и Влада остануваме посветни во развојот и унапредувањето на секторите винарство и лозарство.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство