HomeСамостојни органиАХВ: Невистинити се обвинувањата на Анима Мунди за измачување на свињите во...

АХВ: Невистинити се обвинувањата на Анима Мунди за измачување на свињите во Таринци

spot_img
spot_img

Монструозни се обвинувањата на здружението за заштита на животните Анима Мунди дека на милост и немилост, без храна, вода и елементарни услови за живот се оставени свињите од фармата во село Таринци, Општина Карбинци, каде во тек е спроведувањето на мерки за еутаназија согласно донесените решенија на Агенцијата за храна и ветеринарство за справување со болеста африканска чума кај свињите, која беше потврдена на фармата.

 

Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, вклучително и за оние кои се опфатени со овие мерки и кои треба да бидат еутаназирани, најодговорно тврдиме дека  во соопштението на здружението се изнесени лаги.

 

Еутаназијата на животните се спроведува по највисоки стандарди и строго дефинирани процедури, во присуство на официјални ветеринари под чиј надзор се преземаат сите активности, почнувајќи од утврдување на здравствената и благосостојбата на животните кои треба да се еутаназираат, па се до преземањето на мерките за нештетно отстранување на убиените животни на фармата.

 

Најодговорно тврдиме, животните кои треба да се еутаназираат не се оставени сами да умрат како што грубо се тврди во соопштението.

Согласно одредбите на Законот за заштита и благосостојба, на фармата во Таринци се врши редовен дотур во силосите за исхрана, животните се снабдени со доволни количини питка вода и сместени во соодветни објекти кои се добро проветрени и осветлени.

 

Во услови на справување со епидемија, изнесувањето на вакви невистини и манипулирањето со јавноста не оди никому во прилог и е за најголема осуда.

 

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија