spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМО: Со сојузничка Португалија потпишан првиот Договор за одбранбена соработка, Петровска порача...

МО: Со сојузничка Португалија потпишан првиот Договор за одбранбена соработка, Петровска порача дека со него се засилува колективната одбрана и безбедноста на Алијансата

Министерките за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска и на Португалија, Марија Хелена Кареирас денеска во Министерството го потпишаа првиот Договор за билатерална соработка во одбраната помеѓу двете земји со што ќе се интензивира македонско-португалската одбранбена соработка.

Министерките Петровска и Кареирас на заедничка прес-конференција порачаа дека Договорот е камен-темелник на развојот на билатералните односи и дека со него ќе се зацврсти колективната одбрана во НАТО.

„Денеска е важен ден за нашите држави и за нашата соработка, бидејќи за прв пат потпишавме  Договор за билатерална соработка во одбраната помеѓу сојузничките Северна Македонија и Португалија, и со тоа покажавме дека НАТО значи и посилна одбранбена соработка, затоа што имаме заедничка, единствена цел“, рече министерката Петровска.

Таа информираше за областите опфатени со Договорот, како интензивирањето на консултациите во доменот на безбедносната политика, мировните операции, заедничката обука и едукација, како и активностите за заштитата на животната средина. Дел од договорот се и родовите прашања во одбраната и безбедноста.

„Како жени лидери во одбраната ја разбираме потребата за целосно вклучување на потенцијалот на жените во областа на безбедноста – но, не како бројка, туку како можност за додадена вредност и квалитет во актуелната безбедносна архитектура“, потенцираше министерката.

Петровска се осврна и на предвидената соработка во доменот на сајбер – безбедноста за која рече дека е исклучително важен сегмент имајќи предвид дека покрај конвенционалната руска агресија врз Украина, сите земји се соочуваат со обиди за нарушување на општественото живеење кои се од хибриден карактер.

Министерката Кареирас порача дека Договорот за одбранбена соработка ја реафирмира идејата дека заедничките цели во безбедноста и одбраната можат да се постигнат единствено преку зајакнување на Алијансата. Кареирас се заблагодари за учеството на Северна Македонија во мисијата КФОР на Косово и мутинационалните сили на источното крило на НАТО, вклучувајќи го и заедничкото учество во силите на НАТО во Романија.

Португалската министерка за одбрана ја реафирмираше поддршката од Португалија за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

„За време на нашиот разговор, имав можност уште еднаш да ја истакнам значајната улога што Португалија ја придава на идното пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, што ќе го зајакне европскиот проект и ќе придонесе за стабилноста на балканскиот регион“, потенцираше Кареирас.

 

 

 

Извор:  Влада

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес обезбеди донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси...