Министерот за правда Кренар Лога заедно со претседателот на Анкетната комисија за заштита на човековите слободи и права, Халил Снопче, членот на комисијата Драгица Ѓавочанова , дирекоторот на УИС Јовица Стојановиќ, директорот на КПУ ,,Идризово” Зоран Јовановски и заменик директорот Феми Јонузи, извршија увид и одблиску се запознаа со состојбата, условите во затворот , разговараа дирекно со затворениците и беа информирани за проблемите со кои се соочуваат.
Мизерни, катастрофални и супстандардни услови за издржување на затворските казни, пренатрупаност , затвореници спијат на под, нема соодветна здравствена заштита, нема соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови.
Овие услови докажуваат зошто ни е потребен итно Закон за амнестија, со кој барем минимално ќе се растеретат капацитетите.
Се работи за луѓе. И покрај извршинетите дела тие се луѓе и заслужуваат достоинство. Наместо ресоцијализација и враќање во нормален живот, со ваков третман состојбата на овие лица може да се влоши уште повеќе.
Апелираме оваа состојба да не се злоупотреби за политички цели а пратениците да покажар хуманост и да дадат поддршка на Законот за амнестија.
Извор: Министерство за правда