spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Да го следиме примерот на БиХ, да имаме затвори кои ги...

МП: Да го следиме примерот на БиХ, да имаме затвори кои ги задоволуваат европските стандарди

Министерот за правда Кренар Лога за време на работната посета на БиХ го посети најсовремениот затвор на Балканот во сараевската населба Илиџа, кој е изграден според највисоките европски стандарди.  Со изградбата на оваа установа се намали пребукираноста во затворите. Европската Унија за него  издвои над 11 милиони евра финансиски средства. Има капацитет за 300 затвореници и 50 места за притвор. Располага со најсовремено опремени простории, спортски терени, работилници, храната се служи во ќелиите а има  и посебна просторија за  молитви  и практикување на релегија.

Со цел да се преземат конкретни мерки и активности за подобрување на состојбата во казнено поправните установи во нашата држава,  министерот за правда Кренар Лога оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Совет на Европа,  Томаш Бочек и Арно де Вердиер ,кантри менаџер од Банката за развој на Советот на Европа.
Министерот Лога беше информиран  за Проектот за „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“ кој се спроведува со кредит од Банката за развој на Советот на Европа. Од страна на претставниците на Банката беше побарано во најкус можен рок преземање на ефективни мерки за санирање на оштетувањата и штетите настанати во полу отвореното и отвореното одделение во КПУ Идризово.
Успешната реализација на Проектот претставува само една од основите за подобрување  на целокупната состојба со  условите во затворите, третманот и постапувањето со притворените и осудените лица како  и постигнување на ресоцијализација на лицата кои издржувале казна затвор.

Прочитајте