Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во август 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 2.0 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 15.6 %.
Во август 2023 година, во споредба со август 2022 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 97.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 108.0.
Во делот аутпут, во август 2023 година, во споредба со август 2022 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 117.6, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 111.1.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика