Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, имаше чест да биде домаќин на Сојузниот министер за земјоделство и храна на Сојузна Република Германија, Џем Оздемир. Ваква посета од федерален министер за земјоделство се случува за прв пат после повеќе децении, од осамостојувањето на Северна Македонија и далеку пред тоа.
Претставници на германското Министерство за храна и земјоделство, предводени од Сојузниот Министер, Оздемир, денеска се во еднодневна посета на нашата држава. При тоа, ќе посетат фарма и мала семејна винарја. Ќе дегустираат домашна македонска храна и ќе се запознаат со млади земјоделци и жени земјоделки.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство