spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Медалистите во џиу џицу на прием

АМС: Медалистите во џиу џицу на прием

Одличниот настап на Македонска репрезентација за бразилска џиу џица (Би-џеј-џеј) на турнирот Абудаби Про Србија, на кој се закити со 11 златни, пет сребрени и два бронзени медали беше причина за посета во куќата на спортот.

Македонските натпреварувачи се бореа во неколку младински и сениорска возрасна група, во конкуренција на над 300 натпреварувачи од 24 држави.

Најуспешен и секако најзабележителен беше настапот на 17-годишната Даниела Алексовска, која освои три златни медали, од нив два во конкуренција за возрасни Во финалето ја совлада противничката од Обединети Арапски Емирати, која е 16. на светската ранг-листа и втора во Азија.

 

Златни медали освоија уште и Гораст Василевски (до 94 кг), Марко Петровски (до 69кг), Стефан Пецевски (до 85 кг), Ева Илиевска (до 95кг) во сениорска категорија, како и Тони Блажевски, Марко Трајковски, Антонио Трајковски и Петар Џатевски во различни возрасни категории до 18 години.

Меѓу 24 репрезентации, Македонија го освои третото место на поени, зад Србија и Босна и Херцеговина, додека во конкуренција на клубови, Д Стронгест заврши на второто место, а Енсо џиу џицу осмото, од 32 пријавени клубови.

Со сребрен медал се закитијаЕва Илиевска, Давор Метовиќ, (2 сребрени медали), Леонид ДимовскиАндреј Марков, додека пак бронза освоија: Иван МилошевАнџела Стамкова, Андреј МарковИван Милошев и Анџела Стамкова.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...