spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВлада„Процес на стратешко планирање и подготовка на секторски стратегии“ во организација на...

„Процес на стратешко планирање и подготовка на секторски стратегии“ во организација на СИГМА

Денес во Клубот на пратеници, генералниот секретар м-р Методија Димовски со воведно обраќање ја отвори првата од двете дводневни работилници насловени „Процес на стратешко планирање и подготовка на секторски стратегии“, преку кои ќе се постигне поквалитетно стратешко планирање и спроведување на политиките.

Генералниот секретар ја претстави работата на Генералниот секретаријат каде  интензивно се работи на  создавање унифицирани стандарди за изработка, спроведување, следење и евалуација на секторските стратегии.

„Активностите за јакнење на капацитетите  како дел од нашите реформски заложби ќе продолжат и во иднина со засилена реформска динамика  и тесна соработка  со нашите европски пријатели“, истакна генералниот секретар Димовски.

Работилниците кои ќе се одржат во наредните денови, се продожение на работилници организирани за државните секретари, организационите единици за стратешко планирање во министерствата и за вработените во Генералниот секретаријат.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...