spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: 10 години од Националната рамка на квалификации како моќна алатка...

МОН: 10 години од Националната рамка на квалификации како моќна алатка за препознавање и вреднување на знаењата, вештините и способностите од формално и неформално учење

Експерти, професионалци, креатори на политики и партнери од различни земји и институции ќе говорат за извонредните чекори во воспоставувањето на системот со кој се уредува стекнувањето и користењето на квалификациите во нашата држава, систем што овозможува нивна прегледност, пристапност и проодност. По една деценија функционирање на Националната рамка на квалификации, очекуваме реномираните експерти да дадат и патокази за нејзината иднина, врз основа на најновите трендови и практики, рече заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу на меѓународната конференција по повод 10. годишнината на Националната рамка на квалификации.

„Живееме во време на исклучителна мобилност на работниците, како на работни места во рамките на една економија но и кон различни економии. Од друга страна, работодавачите се во остра борба за квалитетни работници. Овие два процеси се врстуваат во една точка – квалификациите и можноста за нивно лесно национално но и интернационално разбирање и препознавање. Тука се појавува Националната рамка на квалификации и потребата за нејзино што попрецизно калибрирање, за да се осигура точна евиденција на знаењата, вештините и способностите на работникот“, нагласи Нухиу.

Развојот и спроведувањето на Националната рамка на квалификации е еден од стратешките приоритети на државата. Целта е таа да биде моќна алатка за подобрување на ефективноста, пристапноста и квалитетот на образовниот систем, препознавајќи и вреднувајќи се што ученикот стекнал преку формално и неформално учење, да им овозможува на учениците полесно да се движат помеѓу различни нивоа на учење и различни образовни институции а со поставувањето јасни стандарди и очекувања за исходите од учењето, да помага учениците да добијат квалитетно образование. Преку препознавањето на вештините и знаењата стекнати во сите фази од животот, Националната рамка на квалификации да ги охрабрува поединците да продолжат да учат во текот на нивниот живот, промовирајќи го Доживотното учење.

Заменик министерот за образование и наука Нухиу се заблагодари на партнерите од Литванија, Словенија и Франција кои учествуваа во Твининг проектот за поддршка на имплементацијата на Националната рамка на квалификации.

На Конференцијата учествуваат претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Европската фондација за обука, Стопанската комора на РСМ, на Европскиот центар за развој на стручна обука, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Еразмус+, на Центарот за стручно образование и обука, претставници на Словенечката рамка на квалификации и на Словенечкиот регистар на квалификации, како и на студентите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте