spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ-Вархеји: Северна Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување...

Маричиќ-Вархеји: Северна Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување на пристапниот процес

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Брисел оствари средба со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на која теми на разговор беа домашните актуелни политички настани, текот на скрининг процесот и очекувањата пред објавувањето на Извештајот за напредокот за 2023 година.

На средбата вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека за Владата членството во ЕУ останува клучен надворешнополитички приоритет и дека се прават сите напори Северна Македонија да остане во процесот на преговори и да напредува со другите држави од регионот.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на средбата го најави новиот Извештај за напредокот на Северна Македонија за 2023 година, за кој укажа дека во оваа фаза од процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ ќе ги постави многу повисоко целите, но и насоките во Патоказите за подобрување на резултатите во сите области.

На средбата бил даден осврт и на новиот план на ЕУ за забрзана интеграција на Западен Балкан, со кој соговорниците беа согласни дека е добра и силна порака за регионот дека мора да се подготви побрзо за членство во ЕУ и со конкретни чекори суштински да се придвижува кон целосна интеграција во Унијата.

Плановите на ЕУ и посветеноста на европската перспектива на Западен Балкан според Маричиќ го прави за нас членството во ЕУ на дофатливо и реално и дека треба да го искористиме овој позитивен политички моментум, бидејќи според него ова е шанса која не знаеме кога и дали воопшто ќе ја имаме повторно.

Вицепремиерот Маричиќ денеска ќе се сретне и со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија (ГД НЕАР), Герт Јан Копман и со еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан, а ќе земе учество и на дводневниот Форум „Глобална порта“, на кој домаќинка е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која ќе има и воведно обраќање.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...