spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска на состанок за користењето на деградирани површини како локации за...

МЖСПП: Оџаклиеска на состанок за користењето на деградирани површини како локации за соларни и ветерни централи

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска имаше работен состанок со извршната директорка во Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест, Ана Чоловиќ Лешоска и со директорката на Агенцијата за планирање на просторот, Андријана Андреева.

Тема на средбата беше користењето на деградирани и неупотребливи површини како локации за соларни и ветерни централи во нашата држава.

Оџаклиеска потенцираше дека транзицијата кон обновливи извори на енергија, како што се фотоволтаиците и ветерните централи е од суштинско значење за заштитата на животната средина, природата и здравјето на луѓето. Тоа ќе придонесе до намалување на емисиите на стакленички гасови и ублажување на несаканите ефекти од климатските промени, а истовремено ќе овозможи и поголем дел од вкупното производство на електрична енергија да доаѓа од домашни ресурси.

Соговорниците се согласија дека заштитата и унапредувањето на животната средина е приоритет во општеството, особено денес, кога човештвото на глобално ниво се соочува со предизвиците на климатските промени, намалените ресурси на фосилни горива и напорите за намалување на емисиите на стакленичките гасови.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...