spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: ШУКОВА - Поддршка за воспоставување на „паметни градови“ со одржливи комунални...

МЖСПП: ШУКОВА – Поддршка за воспоставување на „паметни градови“ со одржливи комунални услуги е приоритет на Владата и МЖСПП

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова присуствуваше на отварањето на дводневната меѓународна конференција на тема „Комуналните услуги во паметните градови” што ја организираше Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија (АДКОМ) која финансиски е поддржана од МЖСПП.

– Општините се соочени со многу предизвици, нерешени комунални проблеми и проекти кои треба да се имплементираат, и свесни сме дека и ние како Влада треба да помогнеме за да се надмине состојбата и да одиме во насока на „паметните градови“. Денешнава средба има за цел, со здружени напори, уште еднаш да се направи пресек на состојбите и капацитетите на општините во сите плански региони и да се дефинираат следните чекори во воспоставување на „паметни градови“ со цврсти и одржливи комунални услуги. Ова е приоритет како на Владата на Република Северна Македонија, така и на Министерството за животна средина и просторно планирање, но и на локалната самоуправа – истакна Шукова во своето воведно обраќање.

2Таа појасни и дека во ниеден момент тука не станува збор за преземање на надлежностите и овластувањата на општините, туку едноставно за приклучување на централната власт, да заедно со локалната власт, го реши овој долгогодишен проблем во нашата земја.

3На настанот говореа и претседателот на АДКОМ, Пеце Милевски и претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски. Притоа, беше поставена и техничка изложба – саем на комунална опрема, каде повеќе од 20 компании имаа можност да ги претстават своите производи.

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова присуствуваше на отварањето на дводневната меѓународна конференција на тема „Комуналните услуги во паметните градови” што ја организираше Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија (АДКОМ) која финансиски е поддржана од МЖСПП.   - Општините се соочени со многу предизвици, нерешени комунални проблеми и проекти кои треба да се имплементираат, и свесни сме дека и ние како Влада треба да помогнеме за да се надмине состојбата и да одиме во насока на „паметните градови“. Денешнава средба има за цел, со здружени напори, уште еднаш да се направи пресек на состојбите и капацитетите на општините во сите плански региони и да се дефинираат следните чекори во воспоставување на „паметни градови“ со цврсти и одржливи комунални услуги. Ова е приоритет како на Владата на Република Северна Македонија, така и на Министерството за животна средина и просторно планирање, но и на локалната самоуправа – истакна Шукова во своето воведно обраќање. Таа појасни и дека во ниеден момент тука не станува збор за преземање на надлежностите и овластувањата на општините, туку едноставно за приклучување на централната власт, да заедно со локалната власт, го реши овој долгогодишен проблем во нашата земја.  На настанот говореа и претседателот на АДКОМ, Пеце Милевски и претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа - ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски. Притоа, беше поставена и техничка изложба - саем на комунална опрема, каде повеќе од 20 компании имаа можност да ги претстават своите производи. Концептот на „паметни градови“ настанал како одговор на модерните предизвици поврзани со интензивниот урбан развој. Според проценките на Обединетите Нации, до 2050 година, повеќе од 68% од светската популација ќе живее во големи градови, што ќе придонесе за зголемено загадување на воздухот и неекономично трошење на ресурсите. Паметните градови имаат за цел да ги оптимизираат ресурсите, да придонесат кон здрава и одржлива околина и да го унапредат урбаното живеење. За нивниот развој потребна е врвна инфраструктура и најсовремена технологија, а се базирани на платформа на која може да се додаваат нови решенија и апликации. Концептот на „паметни градови“ настанал како одговор на модерните предизвици поврзани со интензивниот урбан развој. Според проценките на Обединетите Нации, до 2050 година, повеќе од 68% од светската популација ќе живее во големи градови, што ќе придонесе за зголемено загадување на воздухот и неекономично трошење на ресурсите.

5Паметните градови имаат за цел да ги оптимизираат ресурсите, да придонесат кон здрава и одржлива околина и да го унапредат урбаното живеење. За нивниот развој потребна е врвна инфраструктура и најсовремена технологија, а се базирани на платформа на која може да се додаваат нови решенија и апликации.

6

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...