HomeОпштиниГази Баба: Ново покачување на платите на сезонски работници во ЈКП Гази...

Гази Баба: Ново покачување на платите на сезонски работници во ЈКП Гази Баба

Утрово градоначалникот Бобан Стефковски беше на средба со сезонските работници, ангажирани во ЈКП „Гази Баба 2007“ на која ги информираше за новото покачување на платите во висина од 2000 денари.
Ова е трето покачување на платите на сезонските работници кои се грижат за комуналната хигиена во Општина Гази Баба во мандатот на Стефковски.
Во 2021 година, работниците примаа плата во висина од 14.500 денари, а со ова покачување платата ќе изнесува 19.000 денари.
Платите во изминатите две години се зголемени за 31%.
Сите ние сме сведоци на секојдневен раст на инфлацијата и токму поради тоа моја лична заложба е трендот на зголемување на платите да продолжи и во следниот период.
petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...