spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Надградена базата на професионалци коишто ќе работат во советувалиштата за психо-социјален...

МТСП: Надградена базата на професионалци коишто ќе работат во советувалиштата за психо-социјален третман

Во изминатиот период Министерството за труд и социјална политика заедно со Канцеларијата на УНФПА и Британската Амбасада го реализира проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Северна Македонија“. Една од активности што се реализираше е обуката за психо-социјален третман за сторители на семејно насилство, која се состои од 4 модули. Со оваа активност беа опфатени 16 лица од Центрите за социјална работа, од МТСП и од граѓанскиот сектор.

Со оваа обука се направи база на професионалци коишто ќе работат во советувалиштата за психо-социјален третман.

“Системското решавање на проблемот на родово базирано насилство врз жените и семејното насилство, зависи од паралелната работа како со жртвите на насилство, така и со сторителите на насилството. На тој начин, ќе се постигне целосна идентификација на проблемите кои ја попречуваат функционалноста на семејството/општеството во насока на градење на стабилни односи помеѓу сите членови на семејството и  во општеството. Во оваа насока, системски ќе се пристапи кон решавање на проблемите кои доведуваат  до деструктивни однесувања, како општествено неприфатливи. Решавањето на проблемот ќе се согледува холистички со активна партиципативност  на сите субјекти во системот”, рече Хусејин на церемонијата на доделувањето на сертификатите на учесниците на обуката.

Заменик министерот за труд и социјална политика рече дека потребно е унапредување на системот за работа и третман со сторителите на насилство, преку работа со сторителите кој ќе овозможи сторителите на насилство да се стекнат со нови модели на однесување за контролирано и ненасилно однесување.

“Тоа се постигнува, со вклучување на сторителите на насилство во структурирана програма, која ќе им помогне да стекнат увид и да ја прифатат одговорноста за насилното однесување,  да научат нови форми на ненасилно однесување”, рече Хусејин.

На церемонијата на доделувањето на сертификатите на учесниците на обуката, заменикот Хусејин рече: “Приоритет е да имаме брза, ефикасна постапка за заштита на жртвите, преку вклучување на сторителите на насилство во структурирана програма, која ќе им помогне да ја прифатат одговорноста за насилното однесување, да научат нови форми на ненасилно однесување, а  жртвата на родово базирано насилство на индиректен начин ќе ја заштитиме”.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...