HomeМинистерстваМТСП: Делегацијата на РСМ во посета на македонските здруженија во Измир

МТСП: Делегацијата на РСМ во посета на македонските здруженија во Измир

spot_img
spot_img

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес се сретна со иселениците во град Измир. Заедно со градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски и градоначалникот на Градско, Киро Нацков, заменик министерот за култура, Даим Лучи и државната секретарка на Министерството за образование и наука, Билјана Казанџиска и Конзулот на Република Северна Македонија во Анкара, Илијаз Ферах утрото го поминаа заедно со Македонците во Измир.

 

За време на посетата беше искажана поддршката од страна на делегацијата за функционирањето на здруженијата на Македонци во Измир.

Тренчевска заедно со градоначалникот на Чашка, Стојановски доделија лаптоп и печатач со цел зајакнување на нивната работа и олеснување на нивните активности и користење на дигиталните алатки за промоција на македонските вредности и култура. Од страна на државната секретарка на МОН, Казанџиска за децата беа подарени илустрирани сликовници со цел збогатување на библиотеката на здружението.

Претставничката на МОН истакна дека во периодот кој што следи ќе се залага обезбедување на наставници на македонски јазик во Измир, Туркије.

На крајот од средбата беа доделени плакети во знак на благодарност за остварената средба.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија