HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска - Унапредувањето на заштитата на ранливата категорија на граѓани е...

МТСП: Тренчевска – Унапредувањето на заштитата на ранливата категорија на граѓани е наша должност

spot_img
spot_img

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со меѓународните консултанти, Џон Имс (судија од Обединетото Кралство) и Виктор Захариа (претседател на Одборот за правна помош во Молдавија) и претставници од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. На состанокот пред министерката беше презентиран предлогот за воспоставување на – Единствено тело за управување со системот на бесплатна правна помош во Република Северна Македонија.

 

На состанокот беше разговарано за важноста од зајакнување на системот за бесплатна правна помош. Од страна на присутните беше истакнато дека со поефикасен систем за БПП директно ќе се повлијае на подобрувањето на одговорот на потребите на жртвите на семејно насилство и родово базирано насилство.

Министерката на состанокот истакна дека за неа секогаш приоритет ќе остане заштитата на ранливите категории на граѓани и нивната добросостојба.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија