spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЗаедно со граѓаните ги креираме политиките што гарантираат развој и напредок на...

Заедно со граѓаните ги креираме политиките што гарантираат развој и напредок на секоја општина

СДСМ работи и ќе продолжи да работи и да создава подобра иднина со граѓаните на секој град, на секоја општина, на секое населено место, на секоја етничка заедница.

Заедно ќе ги креираме мерките и политиките што гарантираат развој и напредок и подобар квалитет на живот за сите. Ова го истакна потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, вечерва на маалска средба  „Најдоброто за нашата општина“ со жителите на Неготино.

“Ова го покажавме и во изминатиот период преку реализираните реформи и силни инвестиции во сите сфери. Покажавме дека сме секогаш со граѓаните, отворено и транспарентно”, рече Царовска.

Потпретседателката на СДСМ истакна дека конкретно во образованието во Неготино во текот на неполни 4 години се инвестирани над 4,7 милиони денари во училишни објекти и за основно и за средно образование.

“Во интерес на граѓаните продолжуваме да го унапредуваме и осовременуваме образовниот систем, преку директни вложувања во подобрување на условите во училиштата, создавање на квалитетни наставни програми и поддршка за наставниците”, рече Царовска.

Извор: СДСМ

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...