spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Училиштето е втор дом на децата и младите, здравите...

МОН: Шаќири – Училиштето е втор дом на децата и младите, здравите животни навики се учат од најрана возраст

Секое дете има право на добро здравје и благосостојба, а училиштето како негов втор дом, треба да му всади здрави животни навики и да биде здрава средина за учење и за живеење. Тука детето треба да научи да се грижи за себе и за другите и да изгради капацитети за справување со болести, зависности и насилство, рече министерот за  образование и наука Јетон Шаќири на завршниот настан за иницијативата на Светската здравствена организација за училишта што го унапредуваат здравјето, каде беа презентирани резултатите од спроведувањето на оваа инцијатива во четирите пилот училишта.

„Дозволете ми да нагласам дека за Министерството за образование и наука еден од стратешките приоритети е креирањето политики, мерки и активности за поддршка на здравјето и благосостојбата на младите во основните и средните училишта. Успешно пребродивме една голема здравствена криза, што иницираше дополнително јакнење на стручните служби. Во соработка со домашни и меѓународни партнери, обезбедивме квалитетни обуки за оптимизирање на капацитетите за помош на учениците во справувањето со стрес, анксиозност и други проблеми со менталното здравје, како и за насочување на учениците кон развој на здрави механизми за градење отпорност“, посочи Шаќири.

Минатата и оваа година околу 700 стручни соработници од сите основни и средни училишта беа обучени за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата и младите во образовните, здравствените и загрижувачките институции и средини, и истите се дел од заедниците за размена и колегијална поддршка. Во рамки на градењето капацитети, предвидени се обуки и за наставниците, за да можат да препознаат дека ученикот се соочува со предизвици и да ги вклучат стручните соработници во нивното надминување.

Министерот Шаќири укажа дека позитивните исходи од пилотирањето се поттикнувачки за проширување на иницијативата и сè повеќе училишта да бидат промотори на здрави животни и работни навики, согласно препораките на СЗО за вклучување на образовниот сектор во напорите за промена на образовните, социјалните, економските и политичките услови кои влијаат на различни ризици по здравјето и благосостојбата на учениците.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...