Започна реализацијата на еден од капиталните проекти во Општина Новаци, изградба на канализациона мрежа со пречистителна станица во с.Добромири.
За првата фаза на изградба општината има обезбедено над 7 милиони денари сопствени средства, предвидени во Буџетот за 2023 година. За целосна реализација на овој капитален проект, во наредниот период ќе следуваат уште две фази.
Извор: Општина Новаци