spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Грантови на основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката...

МОН: Грантови на основни и средни училишта за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата

Министерството за образование и наука објави Јавен повик за доделување на грантови за основните и јавните средни училишта, кои придонесуваат за равој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. Активностите кои ќе бидат поддржани со грант, може да се реализираат самостојно во училишта во кое наставата се одржува на повеќе наставни јазици, или во партнерство со друго училиште.

Грантови се во висина до 30.000,00 денари и ќе бидат доделени на вкупно  95 училиштата, од кои 70 основни и 25 средни училишта, а селекцијата со рангирање ќе ја прави Комисија за вреднување на пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми.

Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците, кои реализираат настава на различни наставни јазици. Проектите треба да се во насока на промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи кои се темелат на  почитување на разликите, а притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент.

Аплицирањето трае до 1.12.2023 година, а пријавувањето може да се направи на електронскиот систем за услуги на министерството https://euslugi.mon.gov.mk во менито за меѓуетничка интеграција.

За аплицирање на Јавниот повик кој е поставен на euslugi.mon.gov.mk, потребно е училиштата да  се најават со официјалните кориснички сметки на @schools.mk кои се веќе регистрирани.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...