Министерството за информатичко општество и администрација ги поканува сите засегнати страни да учествуваат на отворената Јавна расправа за нацртот на Националната стратегија за ИКТ 2021-2025 и придружниот Акциски план.
Стратегијата: https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails……
Акцискиот план: https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails……
Јавната расправа е закажана за петок, 23.07.2021 година во Клубот на органите на управата на Република Северна Македонија, со почеток во 11 часот. Адреса: Митрополит Теодосиј Гологанов 45, Скопје.
Ние поттикнуваме и охрабруваме поголемо учество на овој настан, бидејќи само со придонес на сите засегнати страни може да се постигне вистинскиот резултат.
Ве молиме да го потврдите вашето присуство најдоцна до среда, 21.07.2021 година и доколку не сте во можност да присуствувате, и доколку не сте во можност да присуствувате, да ни ги испратите вашите коментари на следниов маил: solza.kovachevska@mioa.gov.mk .
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација