По повод 47-от роденден на локалната самоуправа, а во организација на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, традиционално по 31-ви пат се доделуваат хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства. За оваа хумана акција да биде успешна, како и секоја претходна, се погрижија децата од градинките и училиштата, граѓаните и администрацијата од Општина Карпош, кои се потрудија да донираат прехранбени и хигиенски производи. На доделувањето пакети, присуствуваше градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој ги поздрави присутните.
-Ова е хуманитарна акција која Општина Карпош традиционално ја реализира за време на роденденските денови. Така и оваа година во која се собраа 115 пакети со храна и средства за хигиена, за најранливата група сограѓани. Се надевам дека секоја година бројот на ваквите семејства ќе се намалува и дека со овие луѓе ќе се дружиме на сосема поинаков начин. – рече Јакимовски.
Хуманитарните пакети се поделија во урбаните заедници Карпош 2 и Влае, а дел од пакетите ќе бидат однесени во домовите на лицата кои поради попреченост, не беа во можност сами да ги подогнат.
Извор: Општина Карпош