spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на прометот во секторот Трговија, септември 2023 година

ДЗС: Индекси на прометот во секторот Трговија, септември 2023 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во септември 2023 година, во
споредба со септември 2022 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот во номиналната и реалната
стапка е забележано само во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, и тоа за 9.7 % номинално и за 2.1%
реално, додека во следните групи: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво номинално расте за
1.7 %, а реално опаѓа за 3.9 %, Трговија на мало, освен трговија со горива номинално расте за 5.8 %, а реално опаѓа
за 0.9 %. Пад во двете стапки е забележан само во групата Трговија на мало со автомобилски горива, номинално за
8.3 %, а реално за 5.0 %.

 

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk.

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...