Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ја започна официјалната посета на УНЕСКО во Париз, каде го пречека генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. Посетата на премиерот Ковачевски е прва посета на македонски премиер на УНЕСКО.
Претседателот на Владата, Ковачевски, придружуван од министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, имаше средба со генералната директорка на УНЕСКО, Азуле.
На средбата се истакна дека Република Северна Македонија оваа година одбележува 30-годишен јубилеј од зачленувањето во оваа организација на Обединетите нации за образование, наука и култура. Во актуелниот глобален културолошки контекст, Северна Македонија е вреден пример на успешна мултиетничка демократија, како држава којашто покажа на дело дека дипломатијата е средство за решавање на предизвиците. И со македонското древно јазично и културно наследство и преку функционалното мултикултурно општество, продолжува да придонесува во мозаикот на различности што ги негува и УНЕСКО, а коишто се карактеристика на заедничкиот свет.
Извор: Влада