Започна процесот на употреба на албанскиот јазик и во судските постапки во Република Северна Македонија. Во врска со тоа, претставници на Агенцијата за примена на јазикот беа поканети во Државното правобранителство, за да се договорат за стручно јазично уредување текстови и други судски постапки.
Државниот правобранител, Агрон Речи и соработникот за превод Џејлане Халими во просториите на Државното правобранителство на Република Северна Македонија ги пречекаа претставниците на АПЈ, директорот Ардиан Муслиу, раководителот за превод и јазично уредување, Неби Билали, државниот советник за соработка со Владата и односи со јавноста, Јетон Сулејмани и претставничката на кабинетот на директорот Нерџиване Куќи.
Г. Речи, од позиција на директор на Државното правобранителство, побара од претставниците на АПЈ уредување на значителен број деликатни текстови на документи, процедури и други судски формалности, што се во надлежност на Државното правобранителство на РСМ на албански јазик.
Од страна на АПЈ ветија дека сите материјали што ќе бидат испратени ќе се лекторираат и ќе се уредуваат со професионална одговорност, сето тоа со цел што поефикасна примена на албанскиот јазик во оваа област на судската администрација.
Со оваа соработка меѓу АПЈ и Државното правобранителство, процесот на двојазичност во Република Северна Македонија се унапредува во повисока фаза.
Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните