spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАХВ: Ќе се спроведат превентивни инспекциски контроли во сите училишта во Општина...

АХВ: Ќе се спроведат превентивни инспекциски контроли во сите училишта во Општина Карпош

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручни лица од Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна ДПТУ “Ванила фоод” – ДООЕЛ Скопје и добавувачите на суровини за овој оператор, кој со храна снабдува неколку кујни на основни училишта во Општина Карпош, поради пријави на случаи со стомачни тегоби и лабораториски потврди на салмонела.

 

Вчера, спроведен е вонреден надзор во кујните на основните училишта , “Владо Тасевски,, и  “Димо Хаџи Димов”, а денес со вонредниот надзор, опфатени ќе бидат училиштата “Јан Амос Коменски” и “Војдан Чернодрински”.

Превентивно, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ќе  спроведат вонредни инспекциски надзори во кујните на сите училишта во оваа општина кои со храна ги снабдува овој оператор, поточно и оние училишта каде нема потврдено случаи на заразени ученици со салмонела. По завршување на вонредниот надзор и по добивање на резултатите од лабораториските тестирања, јавноста ќе биде известена за резултатите и причинителот.

 

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 
 

Прочитајте