На 19 првенци на генерација од сите основни и средни училишта во општина
Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски денеска им додели дипломи и
вредносни ваучери.
Во своето обраќање до првенците на генерацијата, до нивните професори и директорите на училиштата, градоначалникот Јованоски потенцираше дека
дипломите и ваучерите кои им ги доделува Општина Прилеп, се скромен
придонес и мотив повеќе за сите ученици да го надградуваат своето образование
и да се стекнат со нови знаења.
„Поради специфичните услови настанати заради пандемијата на ковид-19,
изминатата школска година беше исклучително тешка за изведување и за
следење на наставата. Тоа е причина повеќе на сите вам да ви оддадам
признание на постигнатиот успех и резултати. Искрено се надевам дека вашиот пример ќе го следат следните генерации на ученици од вашите училишта и дека сите заедно во скорешна иднина, после заокружувањето на вашето образование на високообразовните институции во нашата земја или во странство, ќе го дадете својот придонес во напредокот на нашата општина, но и на државата. Уште еднаш ви упатувам најискрени честитки, ви посакувам добро здравје и успех во животот на сите полиња“, истакна градоначалникот Јованоски.
Првенци на генерација од средните општински училишта се следните ученици:
Јована Стојческа, СОУ „Ѓорче Петров’’
Марко Илиоски, СОУ Гимназија „Мирче Ацев’’
Марија Цветаноска, СОУ „Кузман Јосифоски-Питу’’
Давор Степаноски, СОУ „Орде Чопела’’
Андреј Чадамов, СОУ „Ристе Ристески-Ричко’’
Валентин Димитриоски, СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу’’
Првенци на генерација од основните општински училишта се учениците:
Иван Кузманоски, ООУ „Гоце Делчев“
Христијан Николоски, ООУ „Добре Јованоски“
Марија Бардакоска, ООУ „Климент Охридски“
Стефан Јанески, ООУ „Блаже Конески“
Анастасија Петреска, ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“
Ивана Стојкоска, ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“
Михаела Јанческа, ООУ „Круме Волнароски“ с.Тополчани
Христијан Илиоски, ООУ „Рампо Левката“
Филип Темелкоски, ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“
Дамјан Спасески, ООУ „Страшо Пинџур“ с. Мало Коњари
Теодора Ристеска, ООУ „Кирил и Методиј“ с. Канатларци
Асли Мемишоска, ООУ „Кирил и Методиј“ с. Канатларци
Михаил Мирчески, ООУ „Кочо Рацин“
Покрај дипломите, првенците на генерација од средните општински училишта беа
наградени со по 6.000 денари, а најдобрите ученици од основните училишта во
општина Прилеп, добија по 4.000 денари.
Извор: Општина Прилеп