Позитивната енергија и пријателската атмосфера која ја имавме и на привиот саем за храна вино и туризам “Винска визија” на Отворен Балкан се повторува и оваа година. Голема посетеност и заинтересираност за македонското вино има на македонскиот штанд на вториот меѓународен саем „Винска Визија на Отворен Балкан” во Белград.
Македонскиот штанд оваа година е со најголем број на винарии изложуважи, претставен со 74 винарии и дестилерии, и со над 1000 вински етикети, што е скоро двојно повќе изложувачи од минатата година.
Големо внимание и оваа година привлекуваат нашите мали семејни винарии, кои се единствени во регионот. Како министерство оваа година го распишавме вториот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии со грант од 10.000 евра, поддршка за набавка на опрема за производство. Во текот на овој месец доделени ќе бидат и над 90 нови договори за поддршка на малите семејни винарии.
Оваа година за прв пат министерството креираше и поддршка за малите дестилерии, со грант поддршка до 5.000 евра за набавка на опрема за производство. Поддршка која од првиот повик, ја искористија 12 мали дестилерии.
Нашите вина во себе ја имаат вградено традицијата, македонското сонце, нашата вера и Божји благослов. Треба сите да сме горди и овие вредности да ги чуваме и постојано да го унапредуваме овој сектор.
За таа цел, оваа 2023 година донесовме нова десетгодишна стратегија за уште поголем развој на овој сектор и искористување на целосниот потенцијал.
Крајниот резултат кој го очекуваме од оваа стратегија е зголемување за 50% во литри и евра на извозот на вино во шишиња, зголемување за 10% на вредноста на наливното вино во евра, воспоставување на најмалку три заштитени географски ознаки, минимум 10% од виното пуштено во промет да носи географска ознака до крајот на 2033 година, за минимум 30% обновување на лозовите насади и зголемување за 5% на површината под лозови насади и 4% од лозовите насади да произведуваат органско сертифицирано винско грозје.
Подготвивме нов закон за вино којшто е целосно усогласен со директивите на ЕУ, што ќе биде уште еден наш успех и надградување на политиките, и за кој очекуваме едногласно да биде усвоен од Собранието. Закон со кој за прв пат на лозарите им дава гаранирана цена, однснодо 15 јули во тековната година за најмалку две најзастапени сорти, преку поставена методологија од страна на научни институции ќе се утврдува производната цена на винско грозје по килограм, која ќе мора да ја почитуваат винариите.
Министерот Николовски на саемот посетувајќи ги македонските изложувачи на саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” изрази благодарност до сите наши лозари и на сите наши винарии, големи и мали, кои силно придонесуваат за раст на домашната економија и со поддршката од мерките и политиките на министерството заедно испишавме историја во винскиот сектор.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство