spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСредба со работниците од МОДА од Свети Николе

Средба со работниците од МОДА од Свети Николе

Завчера, во Свети Николе, претседателот на ССМ, Дарко Димовски, градоначалникот, Сашо Велковски и Советникот во Владата, Милан Живковиќ остварија средба со работничките на кои поради истекување на времетраењето на Договорите за вработување на определено време, работодавачот не им ги продолжил договорите како и работниците кои во моментот се на привремен принуден одмор.

Работниците, меѓу кои има самохрани родители, родители на деца со посебни потреби, работници кои работат со скратено работно време, укажуваат дека врз нив се врши притисок по завршувањето на привремениот принуден одмор да потпишат некакви решенија за технолошки вишок како и тоа дека веќе некој ги ставал на некакви списоци за пригласување на технолошки вишок.

ССМ како што тоа беше случај и со другите ,,газди” за кои имаше поднесено пријави од работниците и во овој случај ќе ги преземе сите законски мерки против таквиот работодавач во соработка со сите надлежни судски и државни институции и органи, а се со цел обезбедување на правата на работниците утврдени со закон и колективен договор.

За жал на ваков начин се покажува дека оправдано е нашето барање за скратување на времетраењето на Договорите за вработување од 5 на 1 година и на тој начин да се обезбеди социјална сигурност за работниците особено поради се почестите злоупотреби на овој механизам од страна на несовесните газди.

На работниците им укажуваме дека канцеларијата на ССМ во Свети Николе во текот на утрешниот ден од 7.30 до 16.00 часот ќе биде отворена за сите работници во врска со нивната потреба од добивање на бесплатна правна помош од ССМ.

Ќе ги следиме постапките на работодавачот во наредниот период и доколку истиот постапува спротивно на закон и колективен договор, најостро ќе реагираме.

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...