spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Обука за заштита на укажувачи

ДКСК: Обука за заштита на укажувачи

Во насока на постојано следење и унапредување на состојбата на примената на заштитеното пријавување и промоција на укажувањето како еден од најприменливите алатки за борбата против корупцијата, на ден 12 Јули 2021 се одржа обука за заштита на укажувачите, организирана преку ПроТРАКО проектот „Промовирање на транспарентност и одговорност во јавната администрација“, финансиран од Европската унија.

На обуката, преку електронската платформа Zoom, говорници беа:

  • Г-дин Џон Девит, главен извршен директор на канцеларијата на Транспаренси Интернешенел во Ирска,
  • Г-ѓа Алма Седлар, поранешен заменик шеф на комисијата за спречување на корупцијата на Република Словенија и сегашен претседавач на одборот на Транспаренси Интернешенел Словенија и
  • Г-ѓа Ирена Поповска, Генерален секретар во Државната комисија за спречување на корупција во Република Северна Македонија и овластено лице за заштита на укажувачите (внатрешно и надворешно) во ДКСК.

Експертите говореа за повеќе аспекти за потребата и начинот на имплементација на законските норми за процесот на заштитено пријавување, вредноста и значењето на заштитеното пријавување, правата и заштитата на граѓаните утврдени согласно Законот за заштита на укажувачи, како и механизми за заштитено пријавување утврдени со законот и заштита на укажувачите од одмазда заради извршено заштитено пријавување во борбата против корупцијата.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...