spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Бајдевски - Реформските процеси ќе придонесат кон зајакнување на ефикасноста, транспарентноста...

МИОА: Бајдевски – Реформските процеси ќе придонесат кон зајакнување на ефикасноста, транспарентноста и одговорноста на јавната администрација

Заменикот министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски говореше на панелот: ,,Важноста на иницијативата за раководни и управувачки функции во пошироката рамка на реформа на јавната администрација , на настанот организиран по повод иницијативата на Светската здравствена организација, за зајакнување на раководната и управувачка функција на Министерството за здравствo.

,,Иницијативата за зајакнување на раководната и управувачката функција на Министерството за здравство се појавува како сигнал за соработка, прикажувајќи го потенцијалот за синхронизација помеѓу институциите . Ние предвидуваме иднина каде принципите на ефективно управување не се ограничени на поединечни министерства, туку на целата јавната администрација“, рече Бајдевски.

Заменикот министер говореше за интензивните активности на МИОА во однос на законската регулатива и спроведувањето реформи со кои ќе се унапреди функционирањето на институциите во корист на граѓаните.

Како најнова информација, тој посочи дека Владата на денешната седница ги усвоила предлог-законите изработени од МИОА, коишто се важни за реформата во јавната администрација и дигиталната трансформација на државата.

Бајдевски нагласи дека реформските процеси ќе придонесат кон зајакнување на ефикасноста, транспарентноста и одговорноста на јавната администрација, создавајќи стабилен и адаптивен систем .

,,Министерството за информатичко општество и администрација е подготвено активно да се вклучи и да соработува. Нашите колективни напори не само што ќе го зајакнат здравствениот сектор туку ќе придонесат кон поефикасна и поодговорна јавна администрација во Северна Македонија“, рече Бајдевски.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...