spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Санација на улици

Илинден: Санација на улици

Општина Илинден продолжува со интензивно темпо за реконструкција и санација на улиците. Денеска почнаа градежните активности за санација на краците 4 и 5 од улица „8“ во населеното место Миладиновци.

На терен увид изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и истакна дека градежните работи се одвиваат согласно динамиката и планираните активности. Овие улици беа во лоша состојба и граѓаните имаа потешкотии во секојдневните активности. Со градежните работи ќе се изврши целосно санирање и асфалтирање на улиците во вкупна должина од 300 метри.

Инвестирањето и подобрувањето на патната инфраструктура е еден од главните приоритети во работењето на локалната самоуправа, пришто и во наредниот период ќе продолжиме во квалитетна инфраструктура, со цел да обезбедиме квалитетни услови за живеење на нашите граѓани.

Средствата за реализација на овие активности се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...