spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Доделени 87 договори во вредност од 51 милион денари за поддршка...

МЗШВ: Доделени 87 договори во вредност од 51 милион денари за поддршка на малите семејни винарии

Во Неготино, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, свечено ги додели договорите за поддршка на малите семејни винарии. Доделени беа 87 договори во вкупна вредност од 51 милион денари, како неповратен грант (до 600.000 денари по корисник).

Оваа година, Министерството креираше повеќе нови прогами за поддршка на земјоделците и ја продолжи програмата за поддршка на малите семејни винарии, која за прв пат беше нaдоградена со поддршка и за малите дестилерии. 

Преку овие програми обезбедивме грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за малите производители на храна и малите семејни винарии, и грант поддршка до 5.000 евра за набавка на опрема за малите дестилерии. Иако нови, интересот за овие програми беше голем, а тоа го потврдуваат и бројките. За само една година, склучени се над 250 договори,  за поддршка на малите производители на храна и пијалоци. 

„Посебно задоволство ми претставува што денес, имаме можност да доделиме 87 договори за грант поддршка на малите семејни винарии, поддршка во вредност од 51 милион денари. Нашата успешна приказна во развојот на малите семејни винарии ја започнавме уште во 2019 година, преку законските измени во законот за вино, олеснувајќи ги критериумите, со кои овозможивме регистрација на физички лица како производители на вино. На овој начин го отворивме патот за развојот на малите семејни винарии, кои денес прераснаа во наша гордост и препознатлив бренд на нашата држава. Од тогаш, до денес бележиме бројка од вкупно 173 регистрирани мали семејни винарии. Односно од 2020 до 2023 регистрирани 83 мали семејни винарии, а само во 2023 година, заклучно со 4 декември имаме регистрирани нови 95 мали винарии. Денеска вкупниот број на регистрирани винарски визби во државата изнесува 255 винарски визби, што претставува бројка за почит“ изјави министерот Николовски. 

На првиот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии, склучивме 59 договори за грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. Денеска, со вториот повик, оваа бројка е скоро двојно поголема, со стотици пристигнати апликации, а 87 од нив во целост ги исполнуваат условите.

Дел од инвестициите кои ќе се реализираат со грантовите до 10.000 евра се набавка на иноксни садови и цистерни, водена преса, пумпи за вино, гроздомелачка, каца, филтри, полначки за вино и затворачки за плутени тапи, и друго како и поддршка во ангажирање на стручно лице енолог. Со денешното доделување на договорите за поддршка на малите семејни винарии, во целост, ја заокружуваме поддршката кон малите производители на храна и пијалоци. 

„Секторите лозарство и винарство, за нас, како министерство и Влада се едни од најзначајните сектори. Нашата посветеност во развојот на овие два важни сектори, овие изминати седум години, сме ја докажале преку креирање на конкретни мерки и политики за поддршка и развој на лозарството и винската индустрија, но и преку вложувањето, во силна меѓународна промоција на нашето македонско вино“ потенцираше министерот Николовски. 

Малите семејни винарии успешно се преставуваат на меѓународните вински саеми, а веќе втора година по ред свое успешно претставување имаат и на саемот Винската визија за Отворен Балкан, каде го привлекуваат најголемото внимание од посетителите. Малите семејни винарии и малите производители на храна втора година по ред се претставуваат и на Националниот саем за храна и пијалоци, Вкуси ја традицијата, кој оваа година имаше над 400 изложувачи претставени со 2000 производи. 

Македонското вино е на високото 13 место во светот по остварен девизен прилив од извоз на вино. Ова е нашата најголема национална гордост, најголемо заедничко признание за сите мерки и политики, кои беа превземени во изминатиот период. 

Секој еден денар вложен во овие два важни сектори ги дал своите резултати.Од 2017 до 2022 година, како министерство, за лозарите и винариите сме исплатиле поддршка од околу 90 милиони евра, по разни основи. Па така на пример, ако го земеме само девизниот прилив од 2022 година, кој изнесува околу 60 милиони евра, можеме да видиме дека само во една година, сме вратиле назад во буџетската каса, две третини од овој износ. Успешни резултати бележиме и во првите шест месеци од оваа 2023 година кога вкупниот извоз на вино достигнува вредност од близу 40 милиони евра. Од година во година бележиме зголемување на извозот на вино во шишиња, наспроти извозот на наливно вино, што е уште еден остварен успех.

Подготвивме нов закон за вино, целосно усогласен со регулативите на Европската Унија. Ново законско решение кое ја почитува маката на лозарите и обезбедува гарантирана цена за винското грозје. Законско решение кое дава јасни насоки за развој на овие два важни сектори.

Исто така заедно со винариите, здруженијата и лозарите, подготвивме и донесовме десетгодишната Национална стратегија за развој на винарството и лозарството 2023-2033. 

Според поставените приоритетни цели во оваа Национална стратегија за развој на винарството и лозарството, крајниот резултат кој сакаме да го постигме е да имаме зголемување за 50% во литри и евра на извозот на вино во шишиња, зголемување за 10% на вредноста на наливното вино во евра, воспоставување на најмалку три заштитени географски ознаки, минимум 10% од виното пуштено во промет да носи географска ознака до крајот на 2033 година, за минимум 30% обновуање на лозовите насади и зголемување за 5% на површината под лозови насади и 4% од лозовите насади да произведуваат органско сертифицирано винско грозје. 

Како министерство даваме силна поддршка во меѓународната промоција на македонското вино, па така од 2017 година до денес за поддршка на винариите во учество на меѓународни саеми, министерството вложило повеќе од 1 милион евра.

Поддршка во развој на винарството и лозарството даваме и преку ИПАРД програмата. Токму винскиот сектор е еден од успешните примери за корисници на поддршката од ИПАРД 2 програмата. Земја лидер сме во реализација на ИПАРД 2 програмата со 100% искористеност и нула евра повраток на средста и први во регионот започнавме со реализација на новата ИПАРД 3 програма. Токму преку распишувањето на првиот повик за мерките 1 и 7, каде ставивме на располагање 30 милиони евра поддршка, ја започнавме примената на новата ИПАРД 3 програма. Токму овие мерки даваат поддршка за лозарите и винариите, во подигнување на насади, но и за развој на винскиот рурален туризам.

Заедно ќе продолжиме да остваруваме нови резултати, развивајќи го домашниот вински сектор и позиционирајќи го македонското вино уште повисоко на светската винска мапа.

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...