spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Потенцијал за учество на ИФЦ во зелената транзиција и поддршка на...

МФ: Потенцијал за учество на ИФЦ во зелената транзиција и поддршка на приватниот сектор

Можностите за проширување на дејствувањето на Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка – ИФЦ во земјава преку учество во финансирањето проекти од секторот енергетика, пред сѐ обновливи извори на енергија и поддршка на планот за зелена транзиција, но и поддршка на приватниот сектор беа тема на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со регионалната директорка на ИФЦ за Европа Рана Карадшех-Хадад и регионалниот менаџер за Западен Балкан Николас Маркиер.

„Постојат повеќе можности за зголемување на активноста на оваа меѓународна корпорација во спроведувањето на нашиот план за декарбонизација и зелена транзиција на земјава. ИФЦ покажува интерес за финансирање проекти од областа на енергетиката и обновливи извори на енергија, како што се производство на соларна енергија и проекти поврзани со декарбонизација“, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека се очекува заедно со ИФЦ да се развие инвестициски план за реализација на проекти во овој сектор со поддршка до 85 милиони американски долари преку Програмата за климатски инвестициски фондови – ЦИФ.

На средбата беше наведено дека постои и голем потенцијал ИФЦ да влезе со поддршка и во приватниот сектор и дека за тоа постои голем интерес од страна на македонските компании, како и потенцијал за поддршка во процесот на привлекување повеќе странски инвестиции.

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...