Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу денеска се обрати на Конференцијата и тркалезната маса на тема : ” Премостување на дигиталните јазови: Водење на македонските микро, макро и средни претпријатија кон иднината”, организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија.
Министерот Алиу помеѓу другото акцентот го стави на Законот за безбедност на мрежи и информациски системи и дигитална трансформација и на Агенцијата за мрежна безбедност.
“ Дигиталната трансформација е голем предизвик и можност за нашето општество. Посветени сме да им помогнеме на нашите мали и средни претпријатија да ја користат технологијата поефикасно, да ја зголемат конкурентноста и позитивно да влијаат на нашата економија.
Еден од 5-те закони што неодамна ги одобри Владата е Законот за безбедност на мрежи и информациски системи и дигитална трансформација.
Со овој закон приоритет е формирањето на Агенција за мрежна безбедност и дигитална трансформација на јавниот сектор.
Агенцијата ќе има потенцијал да ги поврзе бизнисите, јавната администрација и граѓаните со најновите технологии и ресурси, ќе помогне да бидаат глобално конкурентни, да се развива и насочува општеството, а не само кон дигитална трансформација ” , посочи министерот Алиу во неговиот говор.
Министерот Алиу, на крај додаде дека заедно можеме да придонесиме кон зајакнување на нашите мали и средни претпријатија.
“ Заедно, можеме да изградиме успешна средина за малите и средни претпријатија, ставајќи ги во првите редови на иновациите и конкурентноста на нашиот регион”, заклучи министерот Алиу.
Извор: Влада