spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Јакимовски до ВМРО ДПМНЕ - Како Алумина додека бевте на Власт...

Карпош: Јакимовски до ВМРО ДПМНЕ – Како Алумина додека бевте на Власт беше Проект а сега е Бизнис ?

Реакција на градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со деталниот план за „Алумина“:

ВМРО ДПМНЕ да престане да ја замајува јавноста со своите „тралала“ соопштенија. Тие треба да одговорат на јавноста како „Алумина“, додека тие беа на власт да биде „проект“, а сега кога се опозиција нивниот „проект“ да стане „бизнис“.

Нека не кинат зелени со наводни одземања на ингеренции на општината за владата да го изгласала деталниот план. Моето искуство со Христијан Мицкоски говори дека исто вака и за проектот Ист Гејт долго се инаетеше додека не се испазари.  Па потоа Христијан излижа тоа што плукаше. Ај што лижеше тој, мораа да излижат тоа што плукале и неговите советници од Гази Баба кои обесчестени и понижени мораа да го гласаат деталниот план за Ист Гејт. Така ќе биде и сега додека го направи пазарот па потоа по принципот „маж рекол, маж одрекол“ тој и неговата арамиска дружина ќе си живеат среќно.

За разлика од нив јас проектот „Алумина“ секогаш сум го поддржувал и ќе го поддржувам. И кога биле министри Миле Јанакиевски и Владо Мисајловски – Кендо и сега кога е Бочварски затоа што и тогаш и сега мислам дека е добар проект.

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...