spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Бесими - Поедноставена, децентрализирана постапка за вработување во јавниот сектор, со...

МФ: Бесими – Поедноставена, децентрализирана постапка за вработување во јавниот сектор, со поголема одговорност на раководните лица

Од 1 јануари следната година се воведува системска промена во процесот на вработување во јавниот сектор, преку поедноставување на постапката и нејзино децентрализирање на микро ниво, односно на ниво на менаџмент на институцијата во која треба да се реализира вработувањето.

Ова го најави министерот за финансии Фатмир Бесими на средба со новинари, на која посочи дека ова е предвидено со измени во Законот за буџети кој е во собраниска процедура.

„Преку новата поедноставена постапка процесот на вработување во јавниот сектор ќе се врши врз основа на одобрен план за вработување во буџетскиот корисник или институцијата и врз основа на изгласаниот Буџет во Собранието, надополнето со изјава од страна на раководното лице на институцијата за обезбедени средства за вработување за која сноси одговорност“, рече министерот Бесими.

Тој додаде дека на ваков начин се децентрализира процесот и се алоцира одговорноста на микро ниво, на ниво на менаџментот во институцијата во која се реализира вработувањето и дека таа одговорност се зацврстува со изјавата што ќе се потпишува од страна на раководното лице во Агенцијата за вработување или Агенцијата за административни службеници, во зависност каде ќе се објава огласот.

„Станува збор за сериозна реформа во постапката за вработување, која се децентрализира процесот и ќе се подобро управување со човечкиот капитал. Постапката која има контролни механизми, односно нема да може да се објави оглас без тоа да е одобрено во Планот за вработување“, потенцира министерот.

На средбата со новинарите посочи дека оваа новина ќе почне да се применува од 1 јануари 2024 година.

На средбата со новинарите се осврна на прашањето со вработување во здравствениот сектор, при што посочи дека се бара одржливо решение, дека се води комуникација на дневно  ниво, се разгледуваат сите опции и ќе се креира решение според потребите.

Во однос на прашањето за платите на вработените во Министерството за финансии посочи дека се чека на одлуката на Уставниот суд, но дека Министерството за финансии останува на претходниот став во однос на платите на вработените.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...