spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Лога им подари новогодишни пакетчиња на децата од ВПД во...

МП: Министерот Лога им подари новогодишни пакетчиња на децата од ВПД во Волковија

Вака изгледа Европска Македонија, институција со која треба да се гордеме сите

Новогодишните празници ги почнуваме од една многу важна институција, која е далеку од стандардите на другите институции, по позитивна смисла на зборот. Воспитно поправниот дом во Волковија, е институција која работи со најранлива категорија, децата кои се судриле со законот.

Благодарение на најсовремените услови, прекрасниот тим од директорот и сите вработени, постигнуваат успешни резултати во воспитување на децата и во најголем дел ги враќат дома не само поправени и воспитани, туку и со стекнати вештини.

Министерот за правда Кренар Лога беше воодушевен  од големиот избор на услуги, третманот, здравствената заштита, библиотеката за читање, просториите за спорт и рекреација, работилниците за заеднична работа и обука, а тоа го сведочеа и самите деца кои ни раскажуваа за убавите искуства со тимот и позитиви достигнувања.

 

Единствена слаба точка која загрижува беше недостатокот на образовен процес и кадар, за што министерот за правда Кренар Лога се заложи дека ке се ангажира  да се реши трајно овој проблем во најбрз можен рок .

Министерот за правда Кренар Лога заедно со Државниот секретар од Министерството за труд и социјална политика, Флакрон Беџети, поделија новогодишни пакетчиња на децата од Воспитно поправниот дом во Волковија посакувајќи им здравје, среќа, спокојство и разговаравме со нив за нивните интересни желби и соништа.

 

Воспитно поправниот дом во Волковија ги задоволува меѓународните стандарди кои соодветствуваат за овој вид на превоспитување на прекршителите.

Во моментов, 17 деца во судир со законот се наоѓаат на издржување на ,,воспитно- поправна мерка упатување во ВПД” во оваа институција.

Со подобрените услови се очекува значително да се зголеми грижата, ресоцијализацијата и рехабилитацијата на децата штитеници.

 

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ??

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...