spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрива Паланка: Кривопаланечката противпожарна единица доби противпожарно возило од словенечките колеги

Крива Паланка: Кривопаланечката противпожарна единица доби противпожарно возило од словенечките колеги

Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка доби противпожарно возило како донација од Доброволното противпожарно друштво од општина Загорје на Сава, Р.Словенија.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, организираше прием за гостите од донаторското противпожарно друштво од Словенија,  на кој беше присутен и  директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, д-р Беким Максути.

-Голема благодарност до Доброволното противпожарно друштво од Загорје на Сава и до директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Д-р Беким Максути за несебичната помош и соработка, како и за донирањето на ова противпожарно возило кое е од големо значење за жителите на општината, изјави градоначалникот Мицевски.

Општина Крива Паланка континуирано работи на техничко опремување и кадровско екипирање  на ТППЕ Крива Паланка  во насока на поефикасна и брза интервенција на припадниците на единицата, нивната мобилност, како и навремено спасување на граѓаните и заштита на имотите загрозени од пожари, експлозии и голем број други елементарни непогоди.

Извор: Општина Крива Паланка

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...