Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во својот кабинет го прими младиот боксер од Општина Илинден и член на Боксерскиот клуб „Илинден“, Лука Трифуновиќ, по повод освоеното I место, на Државното првенство во бокс, категорија јуниори.
Во оваа пригода градоначалникот Георгиевски упати честитки за освоеното прво место и истакна дека Општина Илинден е поддржувач на спортистите и спортските настани, такашто им дава големо значење, а доказ за тоа се големиот број спортски натпревари. На младиот Трифуновиќ му посака да продолжи понатаму со успесите и наградите како на државно така и на меѓунароно ниво.
На Државното првенство кое се одржа во Штип, кон крајот на месец ноември покрај големата конкуренција младиот 17 годишен боксер успеа да го освои првото место и тоа благодарение на напорните подготовки со неговиот тренер Тони Насковски, кој важи за историја во боксот, особено во Илинден.
Лука Трифуновиќ досега има настапувано на повеќе домашни и меѓународни натпревари каде има постигнато врвни резултати. Следен натпревар за кој се подготвува е Европско првенство во Босна.
Извор: Општина Илинден