spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска – Ѕуо: Еднаков пристап за сите деца во детските градинки...

МТСП: Тренчевска – Ѕуо: Еднаков пристап за сите деца во детските градинки е на прво место

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со Џанг Ѕуо, амбасадорот на Народна Република Кина. На средбата се разговараше за овозможување на инклузивен пристап за секое дете во градинките на територијата на нашата држава, тема што е дел од соработката помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Амбасадата на Народна Република Кина.

 

Изминатата година со поддршката на кинеската амбасада, Министерството за труд и социјална политика реализираше изградба инклузивни игралишта и опремување на сензорни соби во градинки во Струмица, Крушево и Кривогаштани.

На средбата беше разговарано и за идни соработки во делот на детската заштита пресретнувајќи ги заедничките интереси на двете страни.  На средбата беше дефинирано дека вакви инклузивни игралишта и сензорни соби во наредниот период ќе бидат отворени и во Струмица, Велес и Гевгелија.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...