spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Ние сме Европа, градиме квалитетно образование согласно највисоките стандарди

МОН: Шаќири – Ние сме Европа, градиме квалитетно образование согласно највисоките стандарди

Ние и сега и отсекогаш сме дел од Европа. Тоа е водилката што стои зад сé што како Министерство за образование и наука работевме изминативе години во делот на градењето квалитетно образование и приближувањето до глобалните образовни стандарди, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на панел дискусијата насловена Младински перспективи: Подобрување на квалитетот на македонското образование преку интеграцијата во ЕУ, што во рамки на кампањата „Европска иднина, поблиску од кога било“ се одржа денес во Скопје.

„Да имаме европско образование дома не е само барање што ни го наметнува членството во ЕУ. Тоа е потреба на нашите ученици, студенти и сите други што формално и неформално стекнуваат знаења и вештини и се вклучени во нивно обезбедување. Во свет што е високо интегриран, такво треба да биде и образованието“, посочи Шаќири, додавајќи дека единствен начин да се приближи квалитетот на домашното образование до посакуваните стандарди е тоа темелно да се реформира.
Промените во основното образование се прават со вклучување бројни чинители: наставници, стручни и научни авторитети, граѓански асоцијации, родители и ученици.

„Зад Концепцијата за основно образование стои и Светска банка како и други релевантни меѓународни организации. Етапно ја реализираме, преку нови наставни програми, вложување во обуки на наставниот кадар и подобрување на инфраструктурните капацитети. Наша цел е учениците да стекнуваат применливи знаења, да научат критички да мислат и да решаваат проблеми, зашто основното образование има значајна улога во подготовката на учениците за иднината во Европа. Наставните програми поттикнуваат глобална свест, промовираат еднаквост, интеркултурализам и активно граѓанство а практично доближување до европските вредности се реализира преку програмата Еразмус+ и проектите во рамки на транснационалната размена на искуства, во кои и основните училишта имаат можност да се вклучат“, нагласи министерот Шаќири.

Тој наведе дека средното стручно образование е исклучително успешна европско-македонска  приказна, каде користиме помош од повеќе партнерски земји, посебно од Швајцарија и Германија во развивањето на моделот на дуално образование. Низ насочено теоретско и практично образование во реална производствена средина, средношколците стекнуваат употребливи знаења, вештини и способности и се баран кадар од домашните но и од интернационалните компании во зоните, иако, со подеднаква успешност, можат и да продолжат со академско образование.

Во високото образование, наш постулат е автономијата на Универзитетот и академската слобода, укажа министерот, објаснувајќи дека од година во година расте бројот на факултети со меѓународна акредитација што реализираат квалитетни студиски програми, и се под контрола на Агенцијата за квалитет во високото образование. Заложбите за дополнително поттикнување на процесите кои значат подобри можности како за наставно – научниот кадар така и за студентите, ќе се реализираат преку измени во регулативата и носење на Нов закон за високо образование. Со политиките во делот на високото образование, исто така, ја поттикнуваме мобилноста на студентите, професорите и научниот кадар со цел поттикнување меѓународна соработка, размена на знаења, подобрување на личниот развој и промовирање на подлабоко разбирање на различни академски полиња.

Министерот Шаќири кажа дека стратешка цел на Министерството за образование и наука е јакнење на европските перспективи за сегашните и идните генерации млади, сé до нивно и формално интегрирање во големото ЕУ семејство.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...