spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваКовачевски: Со Програмата за наводнување создаваме услови за зголемено и конкурентно производство...

Ковачевски: Со Програмата за наводнување создаваме услови за зголемено и конкурентно производство на земјоделски производи и храна

Еден од нашите врвни приоритети е стимулирање на домашното производство на храна. И сѐ што носиме како мерки се во таа насока, да ги мотивираме земјоделците преку соодветна поддршка да произведуваат повеќе, да го цениме нивниот труд.

За прв пат воведовме авансна исплата на субвенциите. 30% од основните субвенции во вкупна вредност 162 милиони евра се исплатени на сметките на 58.300 земјоделци.

Ги поддржуваме младите земјоделци, ја креиравме мерката за породилно отсуство на жените земјоделки која се воведува за прв пат, ги помагаме малите бизниси, а со новата мерка „Бизнис план“, овозможивме помош за набавка на производствена опрема и механизација. А, сега и понудивме за обработка и државно земјиште кое се става на располагање на сите оние кои имаат визија за својата иднина.

Со правилни политики, успеавме да ја отвориме земјата кон повеќе ЕУ фондови и денес Северна Македонија е лидер по искористеност на средства од ИПАРД програмата со високи 97% искористеност.

 

Земјоделството е еден од врвните приоритети на оваа Влада и изминатите скоро 7 години ставивме фокус на развојот на овој сектор. Нашата цел е да имаме повеќе домашна храна, да создадеме модерно и конкурентно земјоделско производство по европски терк, со мотивирани и задоволни земјоделци, да го издигнеме овој сектор на ниво на профитабилна и базична гранка, на која ќе го темелиме економскиот раст.

За крај, упатувам честитки до министерот Николовски и до неговиот тим вклучен во креирањето на развојните политики за земјоделството.

Воедно, сакам да се заблагодарам на континуираната поддршка од Сојузна Република Германија и КфВ банката, што ја добиваме за реализација на проекти од областа на земјоделството, образованието и енергетиката.

Ви благодарам и со среќа!“

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, октомври 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2024 година, во однос на октомври 2023...