spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Меџити - Штипската болница со нова медицинска опрема, интензивно работиме на...

МЗ: Меџити – Штипската болница со нова медицинска опрема, интензивно работиме на зајакнување на установите

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити беше во посета на Клиничката болница во Штип по повод набавка на нова медицинска опрема – лапараскопска и ендоскопска опрема, нов ултразвук колор доплер апарат со две сонди и цисто-уретроскопски сет.

Во продолжение, Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

„Денеска сме во посета на Клиничката болница во Штип да ја промовираме новата лапараскопска и ендоскопска опрема набавена од Министерството за здравство во вредност од 11 милиони денари.

Станува збор за апаратура што ќе ја користат специјалистите на хируршко, неврохируршко, ортопедско и уролошко одделение за минимално инвазивни процедури. Ова ќе допринесе за помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, пократок престој во болница, побрз опоравок на пациентите, како и многу подобри резултати отколку отворените хируршки интервенции.

Покрај оваа опрема, би сакал да информирам дека набавивме и нов ултразвук колор доплер апарат со две сонди за испитување на абдомен и тироида во висина од 2.5 милиони денари. Исто така, со средства од буџетот на Министерството обезбедивме и цисто-уретроскопски сет во вредност од 433 илјади денари со што ги подобривме условите во штипската болница.

Изминатава година навистина многу интензивно работиме за зајакнување на јавно-здравствените установи низ целата држава. Секојдневно сме на терен промовирајќи нова опрема, реконструкции и вложување во медицинските работници. Со истото темпо продолжуваме и во следниов период, работиме посветено во интерес на пациентите и здравствените работници“, изјави Меџити.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...