Целта е да се овозможи брза и ефикасна постапка во која конфискуваниот имот со правосилна судска одлука успешно ќе се продаде и ќе се овозможи враќање на криминално стекнатите средства и имот.
Успешната конфискација означува успешно завршување и заокружување на претходно водените постапки пред јавните обвинителства, пред другите органи и пред судовите.
Со новото законско решение се надминуваат утврдените проблеми, преку воведување на нови механизми согласно европските и меѓународните стандарди за постапување со оваа материја.
Извор: Министерство за правда