spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на...

МП: Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите на собраниска седница

Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во казнено-поправните установи, создавање посигурна безбедносна средина во затворите како и  генерална и општата безбедност во државата коja ќе се постигне со формирање на Единицита за затворско разузнавање и Единицита за интервенции. Воспоставувањето на системот за видео надзор и користење боди камери во установите ќе доведе до  намалување на корупцијата во казнено-поправните установи.

Со промената на дел на кривичното законодавство во земјава,  се јави потребата и од менување на  Законот за извршување на санкциите.

Како причина за носењето на овој закон е и менувањето на затвореничката структура во Република Северна Македонија, појавата на се поголем број на радикализирани осудени лица, како и потреба од допрецизирање на начинот на кој што осудените лица по доставување на упатните акти имаа можност за менување на адресата на живеење со што ја бираа  казнено-поправна установа во која би ја издржувале казната.

Со законот се подобруваат условите и правата од работен однос на вработените во Управата и вработените во КПУ и ВПУ .

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Велес: Фотоволтаични панели и за ООУ „Св. Кирил и Методиј“

0
Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ постави фотоволтаични панели на покривот на училишната зграда за производство на сопствена електрична енергија. Фотоволтаиците се донација...