spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕШилегов вети дека ќе ја врати Треска на скопјани

Шилегов вети дека ќе ја врати Треска на скопјани

Шилегов вети дека ќе ја врати Треска на скопјани, ги избрка, а сега ја бетонизира и прави елитна населба за функционерите на СДСМ и ДУИ.

 

Шилегов на потегот кај што ветува елитна населба ветуваше ревитализација на езеро Треска и спортски центар Сарај, а сега ќе прави бетонизација околу езерото и спортскиот центар, за елитната населба на власта.

 

Ова е само уште еден криминал за раскрчмување на државно земјиште, за функционерите на СДСМ и ДУИ да се одделат од народот во скап комплекс за кој како што вели Шилегов се споиле сите институции само да се реализира.

 

Дали вака институциите се ажурни кога се работи за некоја потреба на граѓаните или само кога е во прашање интересот на коалицијата на власт?

 

Скопјани 4 години го чекаа Шилегов да се фати за работа и нешто да изгради. Се чекаше на тунелот под Кале, и не се направи, се чекаше на продолжување на булевар Илинден и не се направи, се чека на Универзална и нема ништо, но кога треба да се направат хациенди за елитата на власт веднаш се почнува со работа.

 

Шилегов само работи за тесна клика на луѓе. Скопјани се оставени сами на себе.

 

Време е за вистинска работа и проекти. Време е за Македонија за сите луѓе!

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...