spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииНереформираното ВМРО-ДПМНЕ нема доверба од граѓаните

Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ нема доверба од граѓаните

 

Анкетата на Брима е вистинска потврда дека граѓаните ги препознаваат одговорните, државнички политики на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев.

 

СДСМ има стабилно водство пред ВМРО-ДПМНЕ, а коалицијата „Можеме“ има значително водство, кое бележи постојан растеж.

 

Истовремено, претседателот Зоран Заев ја има убедливо најголемата доверба од граѓаните, токму со храбрите, визионерски и државнички одлуки.

 

Претседателот Заев има двојно поголем рејтинг од Христијан Мицкоски.

 

Од друга страна, оваа анкета истовремено покажа дека граѓаните не ги поддржуваат деструктивните, погубни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи граѓаните знаат дека тој нема капацитет да донесе промена, знаат дека тој не може да си ја реформира ниту сопствената партија.

 

На граѓаните им е јасно дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги враќаат парите назад, затоа што тие 11 години грабаа од граѓаните, а како опозиција беа против секоја мерка која носеше повеќе пари за семејствата.

 

Затоа на претстојните избори ВМРО-ДПМНЕ го очекува нов, силен пораз од граѓаните.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...