spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииМладите носат промени на подобро за секоја општина

Младите носат промени на подобро за секоја општина

Млади локално заедно“ повторно на терен завчера домаќин ни беше ЛК Гевгелија, каде заедно со ЛК Валандово и ЛК Дојран направивме една продуктивна дружба од која произлезе уште една плодна дискусија.

Ве охрабрувам и јавно ве повикувам да споделите со нас се’ она што сметате дека треба да се промени и подобри, зашто алатките се во наши раце. Од нас зависи колку посветено ќе се фокусираме на тоа да ја направиме Северна Македонија држава која има услови за просперитет на младиот човек.

Слободно земете ги за пример и за цел државите во светот кои се репер по ова прашање и верувајте дека со здружена и посветена работа МОЖЕМЕ и ние да станеме слични на нив. Само со добра идеја, вистинско решение и цврста волја, за која одговорно тврдам дека ја имаме, можеме да го оствариме се она што ќе го зацртаме како краткорочна, па и долгорочна цел. – се обрати пред присутните претседателот на СДММ, Марко Михаилоски.

Дека не постојат погрешни идеи и предлози и дека секое едно мислење се зема предвид и се разгледува, социјалдемократската младина веќе цели два месеца преку својот караван „Млади локално заедно“ ја потврдува сопствената отвореност и транспарентност.

Меѓу најзначајните достигнувања на младината, изминатиот период, се издвојуваат донесениот Закон за млади кој гарантира младински службеник во секоја општина, измената на законот за субвенциониран младински оброк кој на редовните студенти им обезбедува 2400 денари репрезентативни трошоци за храна и последно најново – покачување на студентските стипендии за 100%.

СДСМ во сиот овој период на своето сегашно владеење активно се залага и работи на подобрување на животниот стандард на младиот човек во државата и се обврзува дека и понатаму ќе продолжи со ова темпо.

Извор: СДСМ

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...